0_Web_АктуелноДописници МКДОпштински вестиТема

Корона-кризата ги намали приходите на ЈП Јавни паркинзи и зеленило Гостивар

Последиците од пандемијата на Ковид-19 се почувствуваа и во јавното претпријатие Јавни паркинзи и зеленило Гостивар. Последните четири месеци приходите се намалени за околу 80 проценти.

Гостивар, 3 август 2020 (МИА) – Последиците од пандемијата на Ковид-19 се почувствуваа и во јавното претпријатие Јавни паркинзи и зеленило Гостивар. Последните четири месеци приходите се намалени за околу 80 проценти.

Со моментната работа и прилив на средства се покриваат платите на вработените и евентуални интервенции по потреба. Дополнителен удар врз работењето на претпријатието е и недоаѓањето на печалбарите.

Директорот на претпријатието Беким Челебиу смета дека ваквата состојба ќе ги намали во значајна мерка и инвестициите и реализацијата на капиталните проекти за оваа година.

Анализите за периодот од март до јули оваа година покажале дека за речиси двојно се намалени приходите во ЈП Јавни паркинзи и зеленило.

Според Челебиу, во овој период едвај успеале да обезбедат средства за платите на 69 вработени, а се интервенирало само таму каде што било неопходно.

– Нашата статистика покажува дека за разлика од 2019 година, периодот март-јули, годинава имаме намалување на буџетот на компанијата од 79 проценти. На тоа влијаеше пандемијата и пред сè отсуството на иселениците. Тоа има негативно влијание, рече директорот Беким Челебиу.

Тој појаснува дека има пад во продажба на едночасовни билети за паркирање исто како и на бројката на месечни и годишни договори. Пајак-службата во овој период воопшто не била во функција.

– Во овој период минатата година имавме продажба на еднонеделни, едночасовни билети, месечни билети. Оваа година, покрај продажбата на билетите, намален е и бројот на склучени договори за паркирање. Приходите од паркинзите се намалија, исто така, намалување има на приходите од СМС-пораки, вели Челебиу.

Поради состојбите во финансиското работење, раководството на претпријатието ќе биде принудено да ја одложи реализацијата на речиси сите планирани вложувања и проекти. Па така оваа година ќе се вложува минимално.

– Досега работевме на одржување и уредување на зелените површини низ градот. Во моментов работиме на мини-проект за уредување на шеталиштето кај реката Вардар, почнувајќи од мостот кај Основниот суд Судот до малиот мост кај болницата. Таму ќе бидат заменети сите клупи, кантите за отпадоци и ќе биде бојосан дел од патеката што ќе биде наменета за велосипедистите. На тој начин овој дел ќе биде одвоен од оној за пешаците, подвлече првиот човек на ЈП Јавни паркинзи и зеленило.

Деновиве во претпријатието работат на програма, која ќе овозможи да се реализираат планираните вложувања и искажуваат оптимизам дека во наредниов период ситуацијата ќе се подобри.

Зоран Г. Маџоски

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close