0_Магазин.ПорталДизајн

Корона-криза: „Џеј Кру“ пријави банкрот

Американската модна куќа „Џеј Кру“ веќе подолго време се бореше со финансиски проблеми, но очигледно, корона-кризата беше крајниот удар за нив.

Лос Анџелес, 6 мај 2020 (МИА) – Американската модна куќа „Џеј Кру“ веќе подолго време се бореше со финансиски проблеми, но очигледно, корона-кризата беше крајниот удар за нив и сопствениците пријавија банкрот.

– Еден од поголемите проблеми што го предизвикаа овој пад беше зголемувањето на цените, во време кога купувачите бараат поевтини производи, изјави поранешниот директор на фирмата, Мики Дрекслер, за списанието „Журнал“.

Компанијата, инаку поддржана со приватно учество, соопшти дека нејзиниот сопственик Чинос Холдингс пријавил банкрот, затоа што малопродажниот сектор се бори со задолжителното затворање воведено заради спречување на коронавирусот.

Како дел од процесот на реструктурирање, „Џеј Кру“  истакна дека постигнале договор со кредиторите околу претворањето на долгот од 1,65 милијарди долари, во капитал. си/

Таг
Back to top button
Close
Close