0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталСкопје

Користете ги алтернативните маршрути за влез во Скопје додека се реконструира бул. Александар Македонски

Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред сè поради големата реконструкција на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба, што е во тек.

Скопје, 11 септември 2020 (МИА) – Градот Скопје апелира до граѓаните да ги користат алтернативните приоди и сообраќајници за влез во градот, пред сè поради големата реконструкција на булеварот Александар Македонски во општината Гази Баба, што е во тек.

– Граѓаните можат во Скопје да пристапат преку скопската обиколница, на исклучувањето кај населбата Радишани, преку новиот булевар Христијан Тодоровски-Карпош кон општина Чаир, како и на исклучувањата кај населбата Визбегово кон Момин Поток и населбата Волково кон општина Ѓорче Петров, нагласуваат од Градот Скопје.

Во Скопје деновиве се одвива, како што се наведува, голема градежна офанзива за изградба и обнова на градските улици – се пробива улицата Есенинова, а се реконструираат улиците Македонско-косовска бригада, Лазар Личеноски, Џон Кенеди, Боца Иванова, Благоја Стефковски и Востаничка, како и булеварот Видое Смилевски-Бато. ев/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close