0_Спорт.ПорталФудбал

„Кориере Фиорентино“: Фиорентина разговараше со Сари

Италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина може да го смени својот главен тренер.

Фиренца, 23 февруари 2021 (МИА) – Италијанскиот фудбалски прволигаш Фиорентина може да го смени својот главен тренер.

Според „Corriere Fiorentino“, клубот од Фиренца може да го покани Маурицио Сари на оваа функција. Вчера тој вечераше со спортскиот директор на Фиорентина, Даниеле Праде и извршниот директор Џо Барон. Страните разговараа за можната соработка.

Раководството на Фиорентина смета дека стилот на Сари одговара на тимот. Покрај тоа, самиот тренер ја обожава Тоскана и не му пречи да започне работа во тоскански клуб, пишува „Кориере Фиорентино“.

Сега главен тренер на тимот на Фиренца е Чезаре Прандели.

Вреди да се напомни дека Фиорентина издаде соопштение во кое ги демантираше овие информации.

– Статијата за која станува збор е целосно неоснована. Фиорентина, за време на тешкиот дел од сезоната, смета дека е површно за весникот да објавува написи за факти што никогаш не се случиле и кои ги нарушуваат рамнотежата и духот на тимот, се вели во демантот на „виолетовите“. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close