Дописници МКДОпштински вести

Корејците за инцидентот во Скопје: Тоа е само еден изолиран случај

Тоа што се случи во Скопје пред неколку дена кога бевме вербално нападнати е само еден изолиран случај што го имаме доживеано во Македонија досега, рече Еди Че од Heavenly Culture World Peace Restoration of Light“ (HWPL), која одржува работилници во повеќе градови во земјава на тема „Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од седум, осум, 12 и 13 години.

Струмица, 31 јануари 2020 (МИА) – Тоа што се случи во Скопје пред неколку дена кога бевме вербално нападнати е само еден изолиран случај што го имаме доживеано во Македонија досега, рече Еди Че од Heavenly Culture World Peace Restoration of Light“ (HWPL), која одржува работилници во повеќе градови во земјава на тема „Мир, толеранција и меѓусебно разбирање“ со ученици од седум, осум, 12 и 13 години.

Еди Че ова го изјави како одговор на новинарско прашање за неодамнешниот вербален напад од граѓанин во Скопје, кој им се обрати со погрдни зборови дека се пренесувачи на коронавирусот.

– Сметаме дека Македонците се многу љубезни и тоа сме го почувствувале многу пати досега во изминатите четири години колку што сме тука, додаде Еди Че, кој заедно со неговите колеги денеска имаше предавање за учениците во струмичката гимназија „Јане Сандански“ во Струмица.

На приемот на членовите на оваа организација вчера во МНР им се извини и државниот секретар Зоран Попов. Во соопштението од Министерство за надворешни работи стои дека остро го осудуваат овој изолиран чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, што се коси со темелните вредности на македонското општество и очекуваат надлежните органи да го откријат и соодветно да го санкционираат сторителот.

Вчера извинување упати премиерот Оливер Спасовски, кој потенцира дека говорат на омраза, недоличното однесување, говорот што создава фрустрации и конфронтации во македонското општество е непожелен.

– Дури и тогаш кога се употребува во политички цели тоа создава поголеми конфронтации и меѓу населението. Им се извинувам и апелирам на одговорност кај граѓаните, рече Спасовски.

Претходно се извини и градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. рт/цр

Back to top button
Close
Close