Дописници МКДОпштински вести

Корејска невладина организација ги едуцираше делчевските основци за мир и толеранција

Членови на меѓународната мировна организација ХВПЛ од Јужна Кореја, денеска во Делчево реализираа едукативни работилници за мир и толеранција со ученици од деветолетките „Св. Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“. Како што информираше претставникот од Јужна Кореја, Еди Чои, едукативни работилници на оваа тема досега се одржале во неколку градови.

Делчево, 3 февруари 2020 (МИА) – Членови на меѓународната мировна организација ХВПЛ од Јужна Кореја, денеска во Делчево реализираа едукативни работилници за мир и толеранција со ученици од деветолетките „Св. Климент Охридски“ и „Ванчо Прке“. Како што информираше претставникот од Јужна Кореја, Еди Чои, едукативни работилници на оваа тема досега се одржале во неколку градови.

– Одржавме работилници во училиштата во Скопје, Тетово, Боговиње, Берово, Струмица и еве денеска сме во Делчево. Во рамки на активностите имаме 20 часови кои содржат основи на човештвото, жртвување, проштевање и слични содржини или со еден збор ги учиме учениците како да го сакаат семејството и како да се сака нацијата. Сигурен сум дека со овие едукативни часови Македонците ќе научат како повеќе да се сака семејството и како повеќе да ја сакаат Македонија, истакна Чои.

Советникот за образование при општина Делчево, Ванчо Новоселски, изрази задоволство што токму Делчево е едно од училиштата каде се реализираат ваквите предавања.

-Значи имаме предавања од страна на корејска невладина организација регистрирана при Обединетите нации. Целта на самото предавање е мир и толеранција. Предавањата се на тема како да се зачува мирот, како да се почитува мирот, мирот да не се создава со војски и војни, туку со поголема свест кај народите, рече Новоселски.

Новоселски на членовите на невладината организација од Јужна Кореја им се извини за вербалнот напад кој тие го доживеаа неодамна во Скопје, осудувајки го недоличниот чин на говор на омраза, расизам, ксенофобија и нетолеранција, кој како што рече Новоселски се коси со темелните вредности на македонското општество. вс/аа/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close