0_Магазин.ПорталЗанимливости

Копала тунел за син ѝ да избега од затвор

За копање на тунелот таа користела лопата и копач. Копала само ноќе за да не привлече внимание, а до затворот доаѓала користејќи електричен скутер.

Запорожје, 3 август 2020 (МИА) – Во Украина, една 51-годишна жена се обидела да ископа подземен тунел, со цел да го ослободи синот кој е во затвор. Сега и самата таа се соочува со затвор.

Жената, чиешто име не се споменува, изнајмила куќа во близина на затворот во Запорожје на југот на Украина, каде што нејзиниот син издржува доживотен затвор. За копање на тунелот таа користела лопата и копач. Копала само ноќе за да не привлече внимание, а до затворот доаѓала користејќи електричен скутер.

До мигот кога беше уапсена, таа ископала околу три тони земја.  си/

Таг
Back to top button
Close
Close