Дописници МКДОпштински вести

Координација во Охрид за превентивно дејствување за избегнување пожари

Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, во врска со актуелната ситуација со шумските пожари во земјава свика работна средба со претставници од Центарот за Управување со Кризи, Територијалната противпожарна единица, Министерството за внатрешни работи,  Дирекцијата  за заштита и спасување, ЈП „Mакедонски шушуми“, НП “Галичица“ и Шумска полиција.

Охрид, 5 август 2021 (МИА) – Градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески, во врска со актуелната ситуација со шумските пожари во земјава свика работна средба со претставници од Центарот за Управување со Кризи, Територијалната противпожарна единица, Министерството за внатрешни работи,  Дирекцијата  за заштита и спасување, ЈП „Mакедонски  шуми“,   НП „Галичица“ и Шумска полиција.

Целта на состанокот беше да се согледа состојбата со пожарите на подрачјето на општина Охрид, а се разгледуваа можностите за превентивно дејствување во насока на избегнување на пожарите кои „беснеат“ на неколку региони во државава.

На состанокот е направен целосен преглед на расположливите човечки и материјално – технички ресурси при пожар, при што беше нагласена потребата од планско и планско и координирано дејствување на сите релевантни институции со цел да се избегне катастрофа во случај на пожар.

Меѓу другото, беше посочено дека мора да се алармира и детектира секоја појава на лице кое е потенцијален предизвикувач на пожари. Во таа насока и патролни служби од полицијата ги  контролираат шумите во охридското подрачје, а четири резервоари со вода по два тони се поставени во тешко пристапните предели низ охридските шуми.

Состојбата во Охридско–струшкиот регион кога станува збор за пожари моментално е мирна. Од почетокот на годината до денеска охридските пожарникари интервенирале 180 пати.аб/свс/

Таг
Back to top button
Close
Close