Дописници Свет

Конвенција за народите: Советот на Европа ја слави 70-годишнината од Конвенцијата за човекови права

Лидерите на Советот на Европа, кој брои 47 земји членки, ја издадоа декларација за почеток на одбележувањето на 70-годишнината од Европската конвенција за човекови права во 2020 година, која ја нарекоа – Конвенција за народите, јавi дописникот на МИА од Стразбур.

Стразбур, 30 јануари 2020 (МИА) Лидерите на Советот на Европа, кој брои 47 земји членки, ја издадоа декларација за почеток на одбележувањето на 70-годишнината од Европската конвенција за човекови права во 2020 година, која ја нарекоа – Конвенција за народите, јавi дописникот на МИА од Стразбур.

-Европската конвенција за човекови права е родена во застрашувачки контекст на уништување по Втората светска војна. Иницијативата на европските лидери да развијат ваков инструмент ја покажува нивната решеност да учат од грешките од минатото и да им помогнат на луѓето да се заштитат од злоупотребуваните државни практики. Само со консолидирање на демократијата и владеењето на правото можеме да постигнеме мир и стабилностм се вели на почетокот од декларацијата

Инспирирана од Универзалната декларација за човекови права, Конвенцијата е единствен правно обврзувачки договор, чија примена ја надгледува независен меѓународен суд, кој ги штити основните права и слободи на секого, потсетуваат тие.

Првично потпишана од дванаесет држави на 4 ноември 1950 година, Конвенцијата сега заштитува над 830 милиони луѓе во 47 европски држави.

Со текот на годините, неколку протоколи ја дополнија Конвенцијата, за прашања како што е забраната за дискриминација и укинувањето на смртната казна. Најновиот протокол дава нова димензија на судскиот дијалог во Европа, бидејќи им овозможува на повисоките национални судови што го прифатија протоколот да побараат советодавни мислења од Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

Спроведувањето на повеќе од 20 000 пресуди на Судот од страна на земјите членки на Советот на Европа помогна во подобрување на животот на луѓето низ целиот континент.

-Конвенцијата исто така донесе мноштво позитивни промени, без оглед дали се применува во домашното право од страна на националните власти, или преку нејзиниот придонес во зајакнувањето на стандардите за заштита на човековите права ширум светот, продолжуваат тие.

Конвенцијата е инструмент за живеење и развој, кој во повеќе наврати ја демонстрираше можноста да се прилагоди на новите предизвици за човекови права во области како што се почитување на приватноста, заштита на податоците и биомедицина.

-Овој капацитет прилагодување  ќе биде клучен за да му помогне на континентот да се справи со новите предизвици што ги предизвикуваат технолошките достигнувања за правата на граѓаните, како на пример  заканите по природната средина.

Десетгодишни реформи го зајакнаа механизмот на Конвенцијата. Сепак, постојат значителни тешкотии, особено обемот на предмети што се наоѓаат пред Судот во Стразбур и потребата да се обезбеди целосна примена на неговите сметаат тие.

-Пристапувањето на Европската унија во Конвенцијата ќе биде уште еден важен чекор напред, што ќе помогне за понатамошно усогласување на заштитата на човековите права во европскиот правен протстор.

-Конвенцијата се темели врз скапоцен и досега невиден уред. Поминуваме низ комплексни времиња и ситуацијата се менува брзо, поради што релевантноста на Конвенцијата како инструмент на мирот и стабилноста никогаш не била поголема, предупредуваат тие во декларацијата

-По повод 70-годишнината, ги покануваме сите влади и народи во Европа да го прослават напредокот на овој конвенционален систем и да го сочуваат неговиот непроценлив потенцијал, за нашите граѓани денес, како и за оние на идните генерации. Тоа е нашата должност кон нив!- вала  завршува декларацијата.

Декларацијата е потпишана од Марија Пејчиновиќ Буриќ, генерален секретар на Советот на Европа, Давид Залкалијани, претседател на Комитетот на министри и министер за надворешни работи на Грузија, Рик Даемс, претседател на Парламентарното собрание и Линос-Александре Сицилијас, претседател на Европскиот суд за човекови права.тг/

Back to top button
Close
Close