0_Спорт.ПорталФудбал

Конте за Лукаку: Лесно е на сите сега да го фалат

Белгискиот стрелец постигна два гола за синоќешната победа од 3:1 над Наполи, по што „нероазурите“ повторно се израмнија со Јувентус на врвот на Серија „А“.

Неапол, 7 јануари 2019 (МИА) – Тренерот на Интер, Антонио Конте упати големи пофалби на адреса на напаѓачот на тимот Ромелу Лукаку.

Белгискиот стрелец постигна два гола за синоќешната победа од 3:1 над Наполи, по што „нероазурите“ повторно се израмнија со Јувентус на врвот на Серија „А“.

– Лесно е на сите сега да го фалат. Отсекогаш велев дека е дијамант. Лаутаро Мартинез е ист. Тие се млади и ние ќе го видиме најдоброто од нив. Го сакав Лукаку во Јувентус и Челзи. Задоволен сум што сум конечно работам со него, рече Конте.

Во врска со самиот натпревар против Наполи, тој рече дека Интер не игра дефанзивно на „Сао Паоло“.

– Ги притиснавме длабоко во нивната половина, што е нож со две острици. Знаеме што да правиме на теренот во секое време. Покажавме карактер и нашата доверба расте, додаде Конте.

Таг
Back to top button
Close
Close