0_Спорт.ПорталФудбал

Конте верува дека Интер има шанса за врвот

Шефот на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте ја коментираше победата над Сампдорија (2:1) во натпреварот од 25. коло од италијанскиот шампионат. „Неро-азурите“ го намалија јазот од лидерот Јувентус на шест бода.

Милано, 22 јуни 2020 (МИА) – Шефот на стручниот штаб на Интер, Антонио Конте ја коментираше победата над Сампдорија (2:1) во натпреварот од 25. коло од италијанскиот шампионат. „Неро-азурите“ го намалија јазот од лидерот Јувентус на шест бода.

– Оваа вечер немавме друг избор освен да постигнеме победа со цел да ја намалиме разликата со Јувентус на шест бода. Имаме надеж дека можеме да постигнеме нешто необично. Можевме да го решиме мечот порано ако реализиравме повеќе од нашите шанси. Наместо тоа, примивме гол по првиот удар на Сампдорија. Беше добра игра како и да е, изјави Конте.

Се надевам дека овие натпревари ќе ни помогнат да разбереме дека е неопходно да се „убие“ противникот во спортска смисла, да се убие интригата во играта, кога ќе им се даде шанса. Заостануваме шест бода зад лидерот. Пред нас се 12 кола. Немаме право на грешка и ќе се обидеме да искористиме евентуален кикс на Лацио и Јувентус, додаде Конте. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close