0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталПолитика

Конте: Скопје и Тирана што поскоро треба да бидат дел од ЕУ

Северна Македонија и Албанија што поскоро треба да се приклучат во ЕУ, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте на денешната средба во Софија со претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов.

Софија, 30 јануари 2020 (МИА) – Северна Македонија и Албанија што поскоро треба да се приклучат во ЕУ, изјави италијанскиот премиер Џузепе Конте на денешната средба во Софија со претседателот на бугарската Влада, Бојко Борисов.

Конте ја поздрави улогата и поддршката од Бугарија на процесот на проширување на ЕУ и за отворање на пристапните преговори со Скопје и Тирана.

Бугарскиот премиер Борисов посочи дека Бугарија и Северна Македонија годинава заеднички ќе копретседаваат со Берлинскиот процес.

– Тоа е исклучително важен знак, а оценките што ги добива Бугарија за нејзината улога во регионот е многу јасна и позитивна, рече  Борисов.

Италијанскиот премиер Џузепе Конте престојува во Бугарија по повод 140 години од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји. са/сп/

Back to top button
Close
Close