0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Конте: Реализацијата е нашиот најголем проблем

Тренерот на Интер, Антонио Конте и покрај победата (2:1) над Милан синоќа во четвртфиналето од Купот на Италија, не беше задоволен од играта на своите избраници. Тоа посебно се однесува на слабата реализација.

Милано, 27 јануари 2021 (МИА) – Тренерот на Интер, Антонио Конте и покрај победата (2:1) над Милан синоќа во четвртфиналето од Купот на Италија, не беше задоволен од играта на своите избраници. Тоа посебно се однесува на слабата реализација.

– Создадовме многу шанси, но повторно имаше проблеми со реализацијата. Нашите напаѓачи го направија голманот на Милан, Татарушану, најдобар играч на средбата. Треба да размислиме што да сториме за да ја подобриме ефикасноста. Мора повеќе да се искористуваат шансите за гол, изјави Конте за „РАИ Спорт“.

Следниот ривал на Интер во Купот на Италија ќе биде победникот од дуелот Јувентус – СПАЛ. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close