0_Спорт.ПорталSport.SlajderФудбал

Конте одлучува за Интер по завршувањето на ЛЕ

Медиумите во Апенините шпекулираат дека Конте е незадоволен од поддршката на клубот и дури сугерираат дека по завршувањето на кампањата во Лигата на Европа, тој ќе одлучи дали ќе остане на „Меаца“.

Милано, 4 август 2020 (МИА) – Антонио Конте, тренерот на фудбалерите на Интер, е во преговори со челниците на Интер за продолжување на соработката.

Медиумите во Апенините шпекулираат дека Конте е незадоволен од поддршката на клубот и дури сугерираат дека по завршувањето на кампањата во Лигата на Европа, тој ќе одлучи дали ќе остане на „Меаца“.

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Конте ќе има разговор со првиот човек на Интер, Стивен Жанг.

– Денес се очекува телефонски разговор помеѓу Антонио Конте и претседателот на Интер, Стивен Жанг. Одлуката за неговата иднина сè уште не е донесена. По Лига Европа, клубот и Конте ќе разгледаат дали е време да се разделат или да ја продолжат соработката, напиша Романо.

Таг
Back to top button
Close
Close