Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Конте: Најмрачен час за Италија, но ќе го надминеме

Италијанскиот премиер Џузепе Конте оцени денеска дека Италија го прожувува својот намрачен момент, но изрази увереност дека доколку се почитуваат правилата земјата ќе ја надмине ситуацијата.

Рим, 9 март 2020 (МИА) – Италијанскиот премиер Џузепе Конте оцени денеска дека Италија го прожувува својот намрачен момент, но изрази увереност дека доколку се почитуваат правилата земјата ќе ја надмине ситуацијата.

– Ова е нашиот најмрачен час, но ќе го надминеме, изјави Конте за весникот „Република“, еден ден откако во Италија за 24 часа од Ковид-19 починаа 133 лица.

Тој рече дека се тастирал за коронавирус и резултатите се негативни.

– Имаме две цели – да се спречи ширење на вирусот и да се зајакнат здравствените структури за да го надминеме овој предизвик, истакна Конте.

Тој ги повика сите региони ефикасно да ги спроведуваат мерките на Владата.

Што се однесува на борбата на економски план, Конте посочи дека Италија ќе мора да примени „силна шок терапија“ и оти ќе биде потребен ефикасен план за обнова во сите области. ссм/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close