Svet.SlajderЕвропаЕвропа.Портал

Конте: Договор за силен и ефикасен одговор на кризата

ЕУ постигна договор за формирање финансиски фонд за економско закрепнување од пандемијата, што ќе овозможи силен и ефикасен одговор на кризата, изјави утринава италијанскиот премиер Џузепе Конте.

Рим, 21 јули 2020 (МИА) – ЕУ постигна договор за формирање финансиски фонд за економско закрепнување од пандемијата, што ќе овозможи силен и ефикасен одговор на кризата, изјави утринава италијанскиот премиер Џузепе Конте.

– Задоволни сме што е усвоен амбициозен план за економско закрепнување кој ќе ни овозможи силно и ефикасно да се соочиме со кризата, рече премиерот на Италија.

Според Конте, 28 проценти од средствата од фондот за закрепнување на економијата на ЕУ , односно 209 милијарди евра се наменети за Италија.

Лидерите на ЕУ рано утрово постигнаа договор за планот за закрепнување и повеќегодишниот заеднички буџет од 1.824 милијарди евра, за периодот од 2021 до 2027 година. јт/

Таг
Back to top button
Close
Close