0_Спорт.ПорталФудбал

Конте: Ја освоив Премиер лигата во првата година, но Клоп и Гвардиола – не

Тренерот на Интер, Антонио Конте зборуваше за неговите успеси во англиската Премиер лига. Тој исто така направи споредба со Јирген Клоп и Јосеп Гвардиола.

Милано, 2 февруари 2020 (МИА) – Тренерот на Интер, Антонио Конте зборуваше за неговите успеси во англиската Премиер лига. Тој исто така направи споредба со Јирген Клоп и Јосеп Гвардиола.

-Во Челси ја освоив Премиер лигата во сезоната 2016/2017 првата моја година во Англија и ФА Купот следната година. Клоп не освои ништо за четири години во Англија, а Гвардиола исто така не освои ништо во првата година, изјави Конте.

За потсетување, 50-годишниот Конте беше тренер на „Сините од Лондон“ од 2016 до 2018 година.

Во моментов Челси е предводен од Френк Лампард. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close