Дописници МКДОпштински вести

Консултативна средба во Кичево за проектот „Учи паметно, работи стручно“

Во рамките на проектот на Министерството за образование и наука „Учи паметно, работи стручно“ денеска се одржа консултативна средба со претставници на ресорното министерство, со директорите на средните училишта, со бизнис заедницата, со Регионалната стопанска комора и локалната самоуправа.

Кичево, 26 февруари 2021 (МИА) – Во рамките на проектот на Министерството за образование и наука „Учи паметно, работи стручно“ денеска се одржа консултативна средба со претставници на ресорното министерство, со директорите на средните училишта, со бизнис заедницата, со Регионалната стопанска комора и локалната самоуправа.

На средбата беа присутни министерката за образование и наука Мила Царовска, заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани и градоначалникот на општина Кичево Фатмир Дехари.

Министерката Мила Царовска истакна дека е значајно што низ социјален дијалог во изминатиов месец се прават обиди да се постигне заедничко решение за тоа кои профили ќе бидат отворени во средните стручни училишта. Овој караван на социјални дијалози, како што рече, се одвива меѓу општините, средните стручни училишта и компаниите и се води под мотото „Учи паметно, работи стручно“ за да се врати сјајот на средното стручно образование .

-Идејата на целата оваа активност е да ги усогласиме профилите кои што ќе ги понудат средните стручни училишта,  а кои што ќе бидат поддржани од страна на министерството. Може да добиваат пракса во реален сектор и на тој начин создаваме систем на модерно образование, рече министерката Царовска.  Посочи дека странските компании, кои се наоѓаат во земјава веќе ги користат овие модели заради тоа што се најпознати во германското говорно подрачје во Европа.

Градоначалникот Дехари рече дека и покрај појавата на коронавирусот и пандемијата со КОВИД-19, се бара за да се дојде до оптимално решение во средното стручно образование.

– Ние како општина ги следиме сите реформи започнати во МОН. Ваквиот метод кој што ќе овозможува поширок социјален дијалог ретко се случува и јас го поддржувам Министерството за образование и наука, министерката Царовска и заменик-министерот Шабани. Се овозможува сите да дадат свое мислење за идното стручно образование во училиштата, изјави градоначалникот Дехари.

 „Учи паметно, работи стручно“ има основна цел да се идентификува потребата од отворање на одредени профили и паралелки во средните стручни училишта во градовите низ државата од идната година. за/мд/

Таг
Back to top button
Close
Close