0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Конли ќе го замени Букер на НБА „Ол-стар“ натпреварот

Кошаркарот на Јута џез, Мајк Конли, ќе го замени членот на Феникс санс, Девин Букер во составот на Кевин Дурент за „Ол-стар“ натпреварот во НБА, соопштено е на официјалниот Твитер на лигата.

Атланта, 6 март 2021 (МИА) – Кошаркарот на Јута џез, Мајк Конли, ќе го замени членот на Феникс санс, Девин Букер во составот на Кевин Дурент за „Ол-стар“ натпреварот во НБА, соопштено е на официјалниот Твитер на лигата.

Букер нема да може да учествува на Ол-стар натпреварот поради повреда.

Токму Конли ќе го замени Букер и во натпреварот во шутирање тројки.

„Ол стар“ ќе се одржи утревечер во Атланта. За 33-годишниот Конли, учеството во мечот на ѕвездите ќе биде прво во неговата кариера. зс/

Back to top button
Close
Close