Општински вестиСкопје

Конкурс за избор на идејно решение за новиот парк во Карпош

Градот Скопје го распиша конкурсот за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за новиот парк во Општина Карпош. Конкурсот е општ и анонимен и право на учество имаат сите правни и физички лица.

Скопје, 7 февруари 2020 (МИА) – Градот Скопје го распиша конкурсот за избор на идејно архитектонско и хортикултурно решение за новиот парк во Општина Карпош. Конкурсот е општ и анонимен и право на учество имаат сите правни и физички лица.

Како што информираат од Градот, вкупниот награден фонд за конкурсот е 620.000 денари, односно првата награда е 310.000 денари, втора награда 185.000 денари и трета награда 125.000 денари.

Рокот за предавање на конкурсните трудови е 16 март 2020 година, а оценувањето на трудовите ќе го врши жири комисија составена од вработените во Град Скопје.

-Предложениот дизајн треба да одговори на потребите на сите граѓани на Градот Скопје, меѓутоа и на оние во станбените населни во негова непосредна близина. Истиот треба да биде корисен, фунционален и одржлив преку оригинални, креативни и иновативни идеи, информира Град Скопје.

Урбаната опрема, како што се наведува во соопштението, треба да ги задоволува сите старосни групи, да биде ергономска, функционална, безбедна, како и лесно пристапна и одржлива. Сите применети материјали, како и дизајнот во целина треба да се карактеризираат со трајност, квалитет и да се во согласност со најсовремените светски стандарди за ваков или сличен тип на објект.бт/са/

Таг
Back to top button
Close
Close