КултураКултура.Портал

Конкурс за доделување на државната награда „22 Ноември”

Министерството за култура соопшти дека од 15 мај до 15 јуни 2020 е отворен Конкурсот за доделување на државната награда „22 Ноември” за 2020 година со која им се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот општествениот живот во Република Северна Македонија кои придонеле во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјава.

Скопје, 15 мај 2020 (МИА) – Министерството за култура соопшти дека од 15 мај до 15 јуни 2020 е отворен Конкурсот за доделување на државната награда „22 Ноември” за 2020 година со која им се оддава признание на луѓе од политичкиот, културниот општествениот живот во Република Северна Македонија кои придонеле во унапредување на меѓучовечкиот соживот и меѓусебно разбирање меѓу припадниците на различните заедници, култури и вери во земјава.

Државната награда им се доделува на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани, а под условите утврдени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.

На награден поединец му се доделува: диплома и паричен износ во висина од пет просечни месечни плати во земјава, а на секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома и подеднаков дел од паричниот износ.

Текстот на иницијативата (комплетиран) треба да се достави во 20 примероци, а трудови (книги, публикации и сл.) се третираат како прилози и треба да се достават во два примерока.

Иницијативите треба да се доставуваат на адреса на Министерството за култура – Одбор за доделување на државната награда „22 Ноември”, ул.„Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61, Скопје. хс/дма/

 

Back to top button
Close
Close