СветСвет.Портал

Конгресот усвои резолуција со која го ограничува Трамп да почне воена операција против Иран

Резолуцијата беше усвоена со 227 гласа „за“ и 186 „против“.

Вашингтон, 12 март 2020 (МИА) – Американскиот Конгрес усвои резолуција со која се ограничува можноста на американскиот претседател Доналд Трамп да почне воена операција против Иран.

Резолуцијата беше усвоена со 227 гласа „за“ и 186 „против“.

Резолуцијата, чиј автор е сенаторот Тим Кејн, предвидува дека Трамп мора да добие одобрение од Конгресот пред да преземе понатамошни воени потези против Иран. Според Кејн мерката не е за Трамп или за претседателот, туку е важна потврда дека Конгресот има моќ да се објави војна.

Шест републиканци и еден независен сенатор гласаа „за“, додека шестмина демократи гласаа против. зш/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close