ЕвропаЕвропа.Портал

Конференцијата за иднината на Европа ќе се фокусира на политиките на среден и долг рок

Советот на Европска Унија соопшти дека Конференцијата за иднината на Европа ќе се одржи откако ќе дозволи епидемиолошката ситуација“

Брисел, 25 јуни 2020 (МИА) – Советот на Европска Унија соопшти дека Конференцијата за иднината на Европа ќе се одржи откако ќе дозволи епидемиолошката ситуација“.

Советот на ЕУ оценува дека Конференцијата треба да почне кога ќе дозволат епидемиолошките услови и треба да се фокусира на развојот на политики на ЕУ на среден и долг рок, со цел поефикасно да се справи со предизвиците со кои се соочува Европа, вклучително и економските последици од пандемијата со Ковид-19 и научените лекции од кризата, се наведува во соопштението од Советот на ЕУ.

Начелата и целите на Конференцијата, Советот на ЕУ треба да ги усогласи со Европскиот парламент и Европската комисија.

Конференцијата за иднината на Европа требаше да се одржи на 9 мај во Дубровник, но поради пандемијата беше одложена.

Конференцијата ќе трае две години и ќе им овозможи на граѓаните на земјите-членки да ги изнесат своите погледи за иднината на ЕУ. Врз основа на предлозите ЕК ќе ги преземе натамошните чекори и ќе предложи решенија за подобро дејствување на ЕУ. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close