Дописници МКД

Конференција во рамки на проектот „Помалку гладни-повеќе среќни“во Кавадарци

Конференција во рамки на проектот „Помалку гладни-повеќе среќни” беше реализирана денеска во Кавадарци. Активистите од Банката за храна од оваа општина се сретнаа со претставници на неколку субјекти, на кои им беше презентирана мисијата на ваквиот вид банкарство и придобивките од него.

Кавадарци, 23 јануари 2020 (МИА) – Конференција во рамки на проектот „Помалку гладни-повеќе среќни”  беше реализирана денеска во Кавадарци. Активистите од Банката за храна од оваа општина се сретнаа со претставници на неколку субјекти, на кои им беше презентирана мисијата на ваквиот вид банкарство и придобивките од него.

-Им укажавме на сите недостатоци од фрлањето храна, побаравме и нивно мислење како тие сметаат дека може да се надмине тој проблем. Целта е, храната што е исправна, да не завршува по контејнери, туку да се донира на оние на кои им е неопходна, рече Роберто Паризов, активист.

Паризов кој е претседател на регионалното еколошко друштво „Еко-живот”, кое  го спроведува проектот Банка за храна, нагласи дека за повеќе од една година банкарство, имаат одлична соработка со градоначалникот, Советот на општината и Центарот за социјални работи.

Во рамките на можностите, Банката континуирано доставува пакети со храна и хигиенски средства до социјално загрозени семејства од општината.свд/скс/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close