0_Македонија.ПорталОпштествоОпштински вести

Конференција: Младите треба да одлучуваат за младите

Ако една општина има испланирано младински буџет тогаш таа е 25 проценти пријател на младите. Ако има обезбедено простории за младински активизам веќе е 50 проценти нивен пријател. Доколку има и функционален Локален младински совет, таа е 75 проценти пријател, а згора на сето тоа, ако има и имплементира стратегија за млади, тогаш веќе имаме општина или град кој е 100 проценти пријател на младите.

Скопје, 10 септември 2020 (МИА) – Ако една општина има испланирано младински буџет тогаш таа е 25 проценти пријател на младите. Ако има обезбедено простории за младински активизам веќе е 50 проценти нивен пријател. Доколку има и функционален Локален младински совет, таа е 75 проценти пријател, а згора на сето тоа, ако има и имплементира стратегија за млади, тогаш веќе имаме општина или град кој е 100 проценти пријател на младите.

Ова беше истакнато на вчерашната национална конференција во рамки на проектот „Градот-пријател на младите“ кој го спроведува Младинскиот сојуз Крушево, а главна тема беше младинскиот сектор.

Од Општина Карпош посочија дека токму Карпош е прва општина која според новиот Закон за младинско учество и младински политики преку Советот на локалната самоуправа ја одобри иницијативата за формирање Локален младински совет и наскоро, како што истакнаа, ќе објави јавен повик за формирање на иницијативен одбор, како еден од клучните чекори до негово конституирање.

Ана Манасиева од Агенцијата за млади и спорт, која имаше свое излагање на конференцијата, рече дека не е возможно да се донесат стратегии за млади без учество на младите, задолжително именување на службеник за млади кои ќе ги информира и ќе соработува со младите и дури тогаш можеме да очекуваме фидбек во исполнување на младинските политики. Младите, како што рече, треба да бидат партнер на институциите, а во соработката треба да се вклучи и невладиниот сектор.

Од комуникациски аспект, според експертот за односи со јавност и нови медиуми Бојан Кордалов, младите треба да одлучуваат за младите, а не други да одлучуваат за нив. Тој на конференцијата потенцира дека е потребна редовна двонасочна комуникација, без говор на омраза и да се охрабруваат градоначалниците во користење на новите комуникациски канали и дигитализацијата воопшто.

Целта на проектот, како што информираа од Младинскиот Сојуз, е развој на вештини кај млади луѓе, младински работници, претставници на локални младински совети, локални носители на одлуки за поддршка на создавање градови пријатели на младите.

На конференцијата учествуваа претставници од општините Струмица, Крушево, Центар, Карпош, Струга, Прилеп и Кратово, претставници на граѓански и младински невладини организации и млади луѓе.

Проектот „Град-Пријател на Младите “ е поддржан од Амбасада на САД во Северна Македонија и се стреми да ја подобри состојбата на младинските политики, стрaтегии и механизми на локално ниво. бт/сп/

Таг
Back to top button
Close
Close