КултураКултура.Портал

Концерт „Јубилеи” во ЦК Антон Панов во Струмица

Во НУ Центар за култура Антон Панов во Струмица вечер ќе биде одржан концерт на Пламенка Трајковска (гудачко трио).

Скопје, 22 јуни 2021 (МИА) – Во НУ Центар за култура Антон Панов во Струмица вечер ќе биде одржан концерт на Пламенка Трајковска (гудачко трио).

Концертот е со наслов „Јубилеи“, а на програмата се дела на композитори кои оваа година чествуваат јубилеи како Томасо Албињони, Камиј Сен Санс, и Астор Пјацола. Камерниот состав прави пресек на најпознатите дела од овие автори како Адаго од Албињони, Данс Макабре, Лебед од Сен Санс и најпознатите дела од Пјацола како Либеранго, Најт клуб 1960 и други. Сите композиции се во аранжман за камерен состав од Пламенка Трајковска.

Во гудачкиот состав покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Љубица Бошкоска на виола и Александра Јаневска на виолончело.

Камерните состави на Пламенка Трајковска активно работат на доближувањето на класичната музика кај најшироката публика и имаат настапувано на сите сцени во Македонија. Тие креираат концерти со класична музика и концерти кои се во модерно класичен стил.

Последните години интензивно работат на доближувањето на класичната музика до децата и креираат различни концерти за деца како концертите Музика и цртан филм, Што е тоа … гудачки квартет, Моцартисимо и Музика и танц.

Концертот се реализира со помош на Министерството за култура и НУ Центар за култура Антон Панов Струмица. оџ/мч/

 

 

 

Back to top button
Close
Close