Дописници МКДОпштински вести

Концерт на староградска музика во Македонска Каменица по повод „Свети Трифун“

По повод претстојниот празник Свети Трифун, задутре во Домот на култура во Македонска Каменица ќе се одржи концерт на староградска музика.

Македонска Каменица, 11 февруари 2020 (МИА) – По повод претстојниот празник Свети Трифун, задутре во Домот на култура во Македонска Каменица ќе се одржи концерт на староградска музика.

Концертот го организира Културно-информативниот центар „Романса“, а ќе настапат неколку групи и оркестри. Влезот е бесплатен.

-Учество потврдија женската пејачка група „Ѓурѓа“ со оркестарот „Пијанечки еснафи“ и женскиот квартет „Квинс“. Ќе изведат македонски староградски песни во посебни и препознатливи аражмани за нив. Сметаме дека ова е убав повод во пресрет на празникот на виното и љубовта на публиката да и понудиме вистинско музичко уживање, истакна директорот на „Романса“, Горан Огановски.

Потребните средства за организација на овој настан се обезбедени од буџетот на Општината. вс/мч/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close