КултураКултура.ПорталКултура.Слајдер

Концерт „Ана Кап, Џијан Емин и Гудачи“ во Филхармонија

Во Камерната сала на Филхармонија вечер концерт ќе има  француското трио „Ана Кап“, заедно со македонскиот диригент и композитор Џијан Емин, како и со гудачки квартет во состав Марија Трајковска – виолина, Бојан Илкоски – виолина, Оливие Самуилан – виола (Франција) и Марија Михајловска – виолончело.

Скопје, 29 февруари 2020 (МИА) – Во Камерната сала на Филхармонија вечер концерт ќе има  француското трио „Ана Кап“, заедно со македонскиот диригент и композитор Џијан Емин, како и со гудачки квартет во состав Марија Трајковска – виолина, Бојан Илкоски – виолина, Оливие Самуилан – виола (Франција) и Марија Михајловска – виолончело.

Концертот „Ана Кап, Џијан Емин и Гудачи“ ќе претстави музика која во себе ги инкорпорира европските и балканските мелоси, а во кои се мешаат танцовите форми, џезот, класиката…Овој заеднички проект ќе донесе сосема нова музика, до сега неотсвирена, која во моментот се снима за нов албум кој треба да излезе за неколку месеци. Премиерно ќе бидат отсвирени композиции на Пјер Миле, Мануел Декок, Жан Мишел Трото и Оливје Самуилан.

Триото Ана Кап во состав Пјер Миле – труба, Мануел Декок – виолина и Жан Мишел Трото – хармоника, веќе имаше концерт во Филхармонија кога го презентираа „Траума шоу“. вј/скс/

 

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close