0_Македонија.ПорталОпштински вестиСкопје

„Комунална хигиена“ изврши генерално миење на булеварите и улиците во сите скопски општини

Во текот на изминатата недела, Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје изврши генерално машинско миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на градот Скопје.

Скопје, 19 мај 2020 (МИА) – Во текот на изминатата недела, Јавното претпријатие „Комунална хигиена“-Скопје изврши генерално машинско миење на сите булевари и поголеми улици на територијата на градот Скопје.

Како што соопштија од претпријатието, со употреба на десет автоцистерни, во сите скопски општини спровеле засилени активности за машинско миење на булеварите и поголемите улици во текот на ноќта.

– Воведуваме нов тренд на одржување на хигиената на јавните сообраќајни површини, што очекуваме да резултира со зголемено ниво на чистота и поефикасна заштита на јавното здравје, односно намалување на можноста за ширење на вирусот Ковид-19, изјави директорот на претпријатието Абдусамед Шабани. мс/са/

Back to top button
Close
Close