Дописници МКДОпштински вести

„Комуналец“ ја чисти Спомен костурницата над Струмица

Работни единици од одделенијата „Комунална хигиена” и „Градско зеленило“ при ЈПКД „Комуналец” почнаа акција за генерално чистење на Спомен Костурницата на ридот Самораница над градот.

Струмица, 9 септември 2020 (МИА) – Работни единици од одделенијата „Комунална хигиена” и „Градско зеленило“ при ЈПКД „Комуналец” почнаа акција за генерално чистење на Спомен Костурницата на ридот Самораница над градот.

-Со кастрење на гранките, тревите, собирање на сметот, со генерално уредување на пристапната патека до овој споменик како и негово целосно чистење ЈПКД „Комуналец“ се обидува на овој споменик да му даде урбан изглед, овозможувајки им сите граѓани кои го посетуват овој прекрасен споменик да одмараат и рекреират во убав урбан амбиент и да уживаат во прекрасниот поглед на градот и целата Струмичка котлина, информираат од струмичкото комунално претпријатие.

Инаку, традиционално на 11 септември на Спомен костурницата се одбележува Денот на ослободувањето на Струмица. рт/ки/

Back to top button
Close
Close