0_Web_Актуелно0_Македонија.ПорталMakedonija.SlajderПолитика

Комисијата за заразни болести ќе треба да изработи протокол за државни настани во пандемија

Комисијата за заразни болести е задолжена да изработи протокол за организација на државните настани во земјава во време на пандемија. Вакво задолжение Владата денеска на седница му дала на Министерството за здравство.

Скопје, 13 јули 2020 (МИА) – Комисијата за заразни болести е задолжена да изработи протокол за организација на државните настани во земјава во време на пандемија. Вакво задолжение Владата денеска на седница му дала на Министерството за здравство.

Владината прес-служба попладнево соопшти дека за време на претстојниот празник Илинден во Крушево ќе оди делегација предводена од претседателот на Собранието, на прославата во Скопје ќе присуствува делегација предводена од премиерот, а во Пелинце делегацијата ќе ја предводи претседателот на државата. Утврдена е и владината делегација која ќе присуствува во Смилево.

Организациониот одбор за прославата за Илинден ќе го предводи премиерот, а во одборот ќе бидат вклучени претставници од Канцеларијата на претседателот на Владата и претставници од Секторот за односи со јавност на Владата. бак/нд/

 

Back to top button
Close
Close