0_Македонија.ПорталПолитика

Командантот на вооружените сили на Холандија, адмирал Бауер во тридневна посета на С.Македонија

Командантот на вооружените сили на Кралството Холандија, адмиралот Роберт Бауер денеска ја започнува тридневната службена посета на Северна Македонија.

Скопје, 20 август 2020 (МИА) – Командантот на вооружените сили на Кралството Холандија, адмиралот Роберт Бауер денеска ја започнува тридневната службена посета на Северна Македонија.

Во рамки на посетата, соопштија од Амбасата на Холандија во нашата држава, тој ќе има средби со претседателот Стево Пендаровски, министерката за одбрана Радмила Шеќеринска и неговиот колега генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски.

Една од темите за дискусија, како што е најавено, ќе биде натамошното унапредување, во контекст на НАТО, на успешната соработка во областа на одбраната која посоти меѓу двете држави од 1997 година.

Посетата на командантот на вооружените сили на Холандија, адмиралот Роберт Бауер, стои во соопштението, воедно претставува и одбележување на членството на Република Северна Македонија во НАТО. цр/са/

Back to top button
Close
Close