0_Македонија.ПорталПолитика

Командантот на косовските безбедносни сили во посета на Скопје

Во официјална еднодневна посета на Република Северна Македонија и Армијата денеска ќе престојува делегација на косовските безбедносни сили (КБС), предводена од командантот генерал-потполковник Рахман Рама.

Скопје, 2 март 2020 (МИА) – Во официјална еднодневна посета на Република Северна Македонија и Армијата денеска ќе престојува делегација на косовските безбедносни сили (КБС), предводена од командантот генерал-потполковник Рахман Рама.

За време престојот во Генералштабот, косовскиот генерал ќе има средба со својот домаќин генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и со министерката за одбрана, Радмила Шекеринска.

Генералот Рама ќе се сретне и со претседателот и врховен командант, Стево Пендаровски, а ќе ја посети и Воената академија „Генерал Михајло Апостолски“ на која студират и питомци од Косово.ир/са/

Таг
Back to top button
Close
Close