Svet.SlajderСветСвет.Портал

Командант на Иранската револуционерна града загина во Сирија

Командантот на Иранската револуциионерна гарда Фархад Дабиријан загина во Сирија, јави денеска иранската новинска агенција Фарс, без да наведе детали

Техеран, 7 март 2020 (МИА) – Командантот на Иранската револуциионерна гарда Фархад Дабиријан загина во Сирија, јави денеска иранската новинска агенција Фарс, без да наведе детали.

И Сириската опсерваторија за човекови права објави за смртта на Дабиријан, посочувајќи дека тој е убиен на подрачјето Сајид Заинаба, јужно од Дамаск.
Агенцијата Фарс, која е блиска до Револуционерната гарда, го опиша Дабријан како „бранител на светилиштето Сајид Заинаба, свето место за шиитските муслимани, што се наоша јужно од Дамаск и како поранешен командант на стражата во Палмира, древен град во централна Сирија.

Група гардисти и шиити од други држави, вклучително Пакистан, Авганистан, Ирак и Либан се борат на страната на сирискиот претседател Башар ал Асад во деветгодишната војна во Сирија. ми/

Таг
Back to top button
Close
Close