0_Web_Актуелно0_Инфопакет.ПорталСостојба на патиштата

Коловозите наместа влажни, намалена видливост поради магла на повеќе места

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Скопје, 15 јануари 2020 (МИА) – Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози, со умерен интензитет на патните правци надвор од градските средини.

Намалена видливост до 50 метри поради појава на магла има на патниот правец Тетово – село Гајре, на планинскиот превој Пресека, кај Павлешници, кај Кула-Катланово, Страцин, како и во Охрид, Струга и Македонски Брод.

На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Back to top button
Close
Close