Kultura.SlajderКултураКултура.ПорталОпштество

Колективниот договор во културата почнува со примена од јули

Платите во културата за јули ќе се пресметуваат согласно коефициентите утврдени во Колективниот договор. На средбата одржана меѓу премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура Хусни Исмаили, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски и претставници од Синдикатот на култура е договорено, членот од Колективниот договор со кој се регулираат новите коефициенти за плата да се применува од 1 јули 2020 година.

Скопје, 6 јули 2020 (МИА) – Платите во културата за јули ќе се пресметуваат согласно коефициентите утврдени во Колективниот договор. На средбата одржана меѓу премиерот Оливер Спасовски, министерот за култура Хусни Исмаили, заменик-министерот за култура Владимир Лазовски и претставници од Синдикатот на култура е договорено, членот од Колективниот договор со кој се регулираат новите коефициенти за плата да се применува од 1 јули 2020 година.

Колективниот договор за културата е склучен на 30 декември 2019 година.

Како што соопшти Министерството за култура, со членот 130 беше утврдена одложена примена на Колективниот договор, но само во однос на одредбите од членовите 65 и 66 (плати на вработените во областа на културата), кои сега според договорот почнуваат да се применуваат од 1 јули 2020 година. мч/сп/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close