0_Спорт.ПорталФудбал

Коларов може да го напушти Интер на лето

Дефанзивецот на Интер, Александар Коларов може да го напушти тимот на лето.

Милано, 5 февруари 2021 (МИА) – Дефанзивецот на Интер, Александар Коларов може да го напушти тимот на лето.

Според „Ла Газета дело Спорт“, клубот е незадоволен од играта на 35-годишниот Србин, кој се приклучи на тимот во септември 2020 година од Рома. Се известува дека договорот нема да биде обновен со фудбалерот.

Во сезоната 2020/21, Коларов одигра 10 натпревари за Интер, направи една асистенција. Договорот на играчот важи до крајот на јуни 2021 година. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close