0_Спорт.ПорталSport.SlajderОстанато

Кои рекорди ги брка Луис Хамилтон до крајот на сезоната?

Постојат неколку достигнувања што Британецот може да ги подобри ако настапува на своето вообичаено високо ниво.

Сао Паоло, 14 ноември 2019 (МИА) – Луис Хамилтон веќе си ја осигура својата титула бр. 6 во кариерата во Формула 1, но остануваат уште 2 трки до крајот на сезоната во кои може да создаде историја.

Постојат неколку достигнувања што Британецот може да ги подобри ако настапува на своето вообичаено високо ниво.

Еве кои се тие:

* Луис може да постави рекорд за најмногу поени во една сезона со подобрување на минатогодишното достигнување од 408. Досега тој има 381, па целта е доста остварлива.

* Британецот има 16 подиуми досега оваа сезона, негово најдобро достигнување е 17, што го дели со Мајкл Шумахер (2002). Сепак, две завршници во Топ 3, изгледаат совршено остварливи.

* Хамилтон би можел да биде првиот што освоил бодови во секоја трка од сезоната, како и да го подобри личното постигнување за победи за една година, откако до моментов е со 10, при рекорд од 11.

Таг
Back to top button
Close
Close