БалканБалкан.Портал

„Коха диторе“: Негативен извештај на ЕК за косовското правосудство (ПВТ)

Европската комисија објави извештај за состојбата во косовското правосудство кога станува збор за борбата против организираниот криминал и корупцијата, во кој, меѓу другото, се забележани низа недостатоци, особено во обвинителството и полицијата.

Приштина, 24 јануари 2020 (МИА) – Европската комисија објави извештај за состојбата во косовското правосудство кога станува збор за борбата против организираниот криминал и корупцијата, во кој, меѓу другото, се забележани низа недостатоци, особено во обвинителството и полицијата.

Како што објави приштинскиот весник „Коха диторе“, специјалното обвинителство не сака да го коментира тој извештај.

Овој документ се заснова на набљудувањата на четворица експерти на Европската комисија, кои престојуваа во Приштина минатиот ноември. Посебен акцент е ставен на квалитетот на подигнатите обвиненија, како обвинителите постапуваат со предмети, недостиг на докази во обвиненијата, сомневањата дали специјалните обвинители знаат да спроведат сложени истраги, немање специјализирани обвинители и недостатоци во истражните постапки.

Експертите на ЕК констатираа дека само еден од обвинителите со кои разговарале за одредени случаи покажал разбирање за постапката за заплена на нелегална сопственост.

Исто така е констатирано дека многу лица неоправдано се ослободени од својата одговорност поради лошата обвинителска работа.

Изборната набљудувачка мисија на ЕУ на Косово, пак, денеска во Приштина го претстави Конечниот извештај за предвремените парламентарни избори, што се одржаа на 6 октомври 2019 година, во кој се наведува дека е водена „жива и конкурентна кампања“, дека изборниот процес бил транспарентен, додека денот на изборите минал без поголеми проблеми. Притоа, дадени се 23 препораки за подобрување на идните изборни процеси.

Според извештајот на Изборната набљудувачка мисија, имало злоупотреба на јавните ресурси и недостиг на транспарентност во финансирањето на кампањата. паг/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close