ЕвропаЕвропа.Портал

Коглер: На полу-диктатурите не смее да им се даваат пари од ЕУ

Австрискиот вицеканцелар Вернер Коглер и се закани на Унгарија со укинување пари од ЕУ, поради неодамна донесениот закон за вонредни состојби.

Виена, 1 април 2020 (МИА) – Австрискиот вицеканцелар Вернер Коглер и се закани на Унгарија со укинување пари од ЕУ, поради неодамна донесениот закон за вонредни состојби.

Коглер во интервју за германското списание „Цајт“ изјави дека развојот на настаните во Унгарија не е прифатлив.

-Не е разбирливо да се дадат пари од Унијата на  таква полу-диктатура од другите демократски држави, нагласи тој.

Коглер претходно побара итна акција на ЕУ против Унгарија. јт/зш/

Таг
Back to top button
Close
Close