0_Македонија.ПорталБизнисБизнис.ПорталЕкономија

Кога го бирате Хотел Манастир, Берово, избирате да ја поддржите локалната заедница

Скопје, 8 мај 2021 (МИА) – Хотел Манастир 4*, Берово е хотел кој раскажува приказни, не само поради својата вон временска убавина, туку и поради вашите спомени од него, кои ви стануваат моменти вредни за прераскажување. „Манастир“ е планински бутик хотел, сместен во срцето на најчистата област на Македонија, Малешевијата, во градот Берово. Тој се наоѓа на 900 мнв, која според Светската здравствена организација, е најдобра надморска височина за здравјето на луѓето, покрај реката Брегалница, со поглед кон шума која ви ги полни очите и душата, а е веднаш до манастирот Св. Архангел Михаил, кој пак е значително свето духовно место, од 18 век. Берово е вгнездено во кислороден коридор, еден од четирите постоечки во Европа и има најголема концентрација на кислород во воздухот на Балканот, па се нарекува „Кислородна бања“, а регионот Малешевија по неговиот природен изглед, е познат како „Мала Швајцарија“.

Кога го отворивме хотелот во 2004 година, со татко ми и Владо (кој со текот на долгогодишната соработка ни стана и како дел од семејството, а не само колега), се водевме интуитивно, според она што мислевме дека е правилно… нè водеше природниот инстинкт и планината што не опкружуваше, па постепено создававме понуда која е во целост во духот на одржливиот развој. Нормално, важен ни беше развојот на бизнисот, но исклучиво низ призмата на грижа за природната околина и добробитта за локалната заедница. Хотелот низ текот на годините постојано растеше. Започнавме со 10 сместувачки единици, а сега имаме 32 и една засебна вила „Воденица“ со голем двор, ресторан за 220 лица, тераси, сали за семинари, СПА, детско игралиште, спортски содржини, парк и бар покрај реката. Веќе со години оддржуваме и просечна оценка околу 9,2 на реномираната платформа за резервации и продажба booking.com., кое дополнително зборува за извонредниот квалитет на нашата понуда и услуга.

Величината на македонската традиција ќе ја почувствувате како се рефлектира во архитектурата на комплексот, во секое парче камен и дрво, во секој еден украс и детал од целиот ентериер. Сè е набавено од локални ресурси и направено од локални мајстори и занаетчии, како на пример многуте резбани лустери на Слободан, калаџиските тави на Славчо, гоблените и милињата на мајка ми и баба ми, таписериите и ткаениците на вештите беровски домаќинки…. Нашиот хотел вработува само локални жители кои најчесто ние самите ги обучуваме за вештините што им се потребни за нивните работни обврски и тие стануваат дел од тимот на „Манастир“, чиј дух на колегијалност носи голема заслуга за нашиот напредок. Тој процес воопшто не е едноставен, но ние сме упорни и успеваме да создадеме многу вредни и добри работници.

Локалните домашни специјалитети и пијалоци кои се служат во ресторанот на хотел Манастир, се една од нашите посебности. Тие се подготвени од еколошки и органски намирници одгледани на беровските ниви и фарми, како на пример сирењето и буламачот од тетка Весна, со која соработуваме скоро две децении и компирот од с. Двориште, производство на Ванчо. Овие, заедно со собраните плодови од околните шуми, шумски јаготки, диви капини, малини, рибизли, боровинки, од кои вредниот Илчо со неговото семејство ги подготвуваат најубавите домашни сокови и слатка, кои се особен деликатес, па да не ги заборавам никако ни медот на Ванчо, ниту превкусниот планински вргањ, многуте тревки за зачини и чаеви, од кои нашите виртуози готвачи на чело со Борче, по пример на кујните на нивните баби ги приготваат ресторанските традиционални специјалитети, со уникатен вкус, во кои со сигурност ќе уживате со сите сетила.

Имаме одлична соработка и со локалните музичари на традиционални инструменти кои се исклучителни уметници, а исто така и со локалната фолклорна група „Димитар Беровски“, која брои многу млади девојки и мочиња, а е предводена од Методиј. Често музичките и танцовите изведби ги вклучуваме во нашите културни и забавни програми, на кој начин директно ја поддржуваме нивната работа, а кои се особено интересни за странските гости. Исто така, со текот на годините, поттикнавме отвореност и соработка со локалните занаетчии, како ткајачка баба Ана, копаничарите Љупче и Љупчо, калачџијата Славчо, ковачот Сејдо, бочварот Славчо, воденичарот Кафтан. „Манастир“ ја има честа и задоволството на нашите гости да им организира посети на овие занаетчиски работилници, каде тие можат да ја слушнат нивната приказна, да го проследат начинот на создавање на ракотворбите, а и да си купат некој сувенир за спомен.

Ние воедно се грижиме исклучително многу и за природата, затоа што сме дел од неа и сакаме да живееме во љубов, добро здравје и хармонија во нашата заедница, па така 2013г основавме и здружение на граѓани „ПСК Малешевска Корија“, со кое имаме маркирано многу патеки за планинарење и планински велосипедизам, но и редовно организираме настани за рекреација во природа и поттикнување на здравите животни навики кај луѓето. Инаку, многу често во сабота на нашите гости им нудиме планинарски и планинско-велосипедски тури, кои се погодни и за лица со просечна фит подготвеност, а имаме и 25 високо квалитетни планински велосипеди, за кој сака да си изнајми. Нив ги организираме во соработка со локални водичи, млади ентузијасти како Кире и Кате, од кои дел и во моментот посетуваат престижна обука за УИМЛА стандард водичи во планина.

Како една од поинтересните наши понуди ќе ја спонам и посетата на бачилото на дедо Ќиро, која често ја комбинираме и со планинарење. Храната која е таму понудена, за гостите е посебна привилегија, бидејќи јагнешкото, питите, месните, млечните и градинарските производи се одгледани во околината на самото бачило. При тоа, тие се послужени сред планина, кое е ретка можност, особено за луѓето од урбаната средина.

Во целата оваа понуда посебно место имаат манастирите, Св Архангел Михаил и Св Богородица Балаклија. Првиот кој се наоѓа веднаш до нашиот хотел, го привлекува вниманието со неговата интересна легенда и работилницата за високо-квалитетни мозаици, а пак манастирот Св Богородица е познат по чествувањето на празникот Голема Богородица, но и по работилниците за природна козметика и масла и домашен манастирски локум. Како составен дел од целата оваа убавина е и езерото, кое е прекрасно искуство за риболов, за прошетки по патеката околу него, но особено доколку го доживеете на кајак или СУП даска, ќе ви остане во долги долги сеќавања.

Целата оваа понуда која е погодна и за индивидуални гости, но и за групни аранжмани во склоп на тим билдинг програми, забавни дружења и семинари, почнавме да ја градиме уште од 2004 година. Така, хотел Манастир стана пионер и јадро на туристичката понуда на регионот (многу вили и други мали пансиони почнаа да го следат нашиот пат, па дури и неколку други хотели се отворија), а и прераснавме во единствени угостители со толку комплетна и квалитетна понуда во нашата земја. Деновиве со гордост можам да кажам дека во јавноста сме перцепирани како некој кој зазема најголем дел од заслугите за развојот на целата туристичка дестинација Малешевија. Соработката со многуте локални производители, малите бизниси и давтели на услуги, ни значи многу за квалитетот кој го нудиме, но исто толку, па и многу повеќе има значење за развојот на локалната заедница и за нејзиниот економски подем. Воедно, целта на нашето делување е и преку нашиот пример да покажеме, дека трудот, упорноста, чесноста и посветеноста вродуваат плод и дека во создавањето на подобри локални услови за живот можеме многу и самите да допринесеме.

Ве чекаме да ги споделиме со вас нашите убавини и да ги доживеете во искуства вредни за сеќавање, кои ќе ве донесат уште многу пати да не посетите и на ваше задоволство и уживање да бидете наши гости. ев/

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close