0_Спорт.ПорталКошарка

Кочов: Се виде дека емотивно сме испразнети

Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов, после триумфот над Нови Пазар од 89:87 во АБА 2 лигата, рече дека е среќен што победиле на ваков психолошки тежок натпревар.

Скопје, 4 декември 2019 (МИА) – Тренерот на МЗТ Скопје Аеродром, Ѓорѓи Кочов, после триумфот над Нови Пазар од 89:87 во АБА 2 лигата, рече дека е среќен што победиле на ваков психолошки тежок натпревар.

-Ова беше исклучително тежок меч за нас. Се виде дека сме емотивно испразнети. Добро е што имаше среќен крај за нас, оваа победа многу ни значи. Им честитам на играчите што и на ваков ден, успеаја да го одбранат домашниот терен, рече Кочов.

Тренерот на српскиот тим, Оливер Поповиќ, истакна дека неговиот тим на крај незаслужено загубил во овој изедначен и квалитетен натпревар. јз/нд/

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close