Дописници МКДОпштински вести

Коцевски: Состојбата со Ковид-19 во Велес е стабилна но нема простoр за опуштање

Општинскиот штаб за заштита и спасување на денешната 32 седница оцени дека состојбата е стабилна, но нема простор за опуштање,информира на денешниот прес градоначалникот Аце Коцевски..

Велес 29 јануари 2021 (МИА) – Велешкиот Општински штаб за заштита и спасување на денешната 32 седница оцени дека состојбата е стабилна, но нема простор за опуштање, информира градоначалникот на Велес, Аце Коцевски.

Тој на прес-конференција соопшти дека нема кластери нема, но има зголемување на бројот на заразени во последните неколку денови. Причина за тоа, според него, биле „одделни млади кои се собираат во кафетериите“. 

На Инфективното одделение во велешката болница моментно се хоспитализирани 18 пациенти, од кои 16 се потврдени позитивни. Седуммина од нив се на кислородна поддршка.

Од почетокот на пандемијата, па досега, во Велес се регистрирани 3056 позитивни на Ковид-19. Од нив 2.692 се оздравени, а 262 се се уште активни. Како последица на Ковид-19 во градот починаа 102 лица.

Тој информира дека интензивно се работи на модуларната болница, која е до хелиодромот над велешката болница, а која во најскоро време треба да биде готова и комплетно подготвена да ги прима пациентите.

Коцевски потсети дека Општината успешно ги извела градежните работи за поставување на монтажната болница со сите приклучоци за што од општинскиот буџет беа издвоени 1,5 милион денари. ад/свс/

Back to top button
Close
Close