0_Македонија.ПорталДописници МКДОпштински вести

Коцевски: Потребна е итна санација на мостот кај Башино Село кој неколку години е во алармантна состојба

ЈП за државни патишта преку Македонија пат во соработка со ЈП „Македонија пат“, годинава во Велес ќе санира делови од градски улици, а кои се дел од Регионален пат, а за што ќе издвои околу 15 милиони денари. Но, во тоа не е вклучена и санацијата на Мостот на Вардар кај Башино Село, стар 50 години кој веќе трета година е во многу лоша и алармантна состојба.

Велес, 3 февуари 2021 (МИА) – ЈП за државни патишта преку Македонија пат во соработка со ЈП „Македонија пат“, годинава во Велес ќе санира делови од градски улици, а кои се дел од Регионален пат, а  за што ќе издвои околу 15 милиони денари. Но, во тоа не е вклучена и санацијата на Мостот на Вардар кај Башино Село, стар 50 години кој веќе трета година е во многу лоша и алармантна состојба.

Градоначалникот Аце Коцевски неделава, искажа загриженост дека тој не е влезен во програмата на ЈП за државни патишта за годинава, иако поодамна им било ветено мостот ќе се санира. Тој  најави дека ќе се заложи дополнително овој мост да биде вклучен во програмата за оваа година.

-Добивме неофицијални информации дека ни се одобрени најмалку15 милиони денари од Буџетот на ЈП „Македонија пат“ за реконструкција на 1100 метри од улицата „Вардарска“ на влезот во Велес од кај Башино Село. Меѓутоа, загрижен сум што во Програмата за годинава не е ставен мостот на Вардар кај Башино Село и затоа ќе вршам притисок да направат измени, за мостот да го стават по итна постапка во Програмата, најави Коцевски.

Според проценки на испитувачите-стручни лица од Градежниот факултет од Скопје, од август 2018 година, мостот е во алармантна состојба и затоа итно треба привремено да се санира, а како  трајно решение е изградба на нов безбеден мост.

Особен проблем е вибрирањето – тресењето на мостот при поминување на тешки возила по него. 
Според мерењата на Заводот за испитување на материјали извршени во август 2018, во текот на еден час по мостот  поминале 39 шлепери, 43 полесни товарни возила и комбиња и 250 автомобили.
И покрај најавите на локалната и државната власт ништо не е превземено за негово санирање, а мостот и понатаму се повеќе се руинира и опасноста за сите кои  секојдејдевно сообраќаат  по него  е уште поголема,  предупредуваат градежните стручни лица. 

Како решение на овој проблем локалната власт од државата  веќе подолго време бара изградба на нов мост на Вардар кај Речени, лоциран малку во близина на постоечкиот кај Башино Село.

Коцевски  воедно информира дека овие 15 милиони денари можеле во програмата да се зголемат и до 25 милиони денари, во што би влегло и санирање на оштетувањата на свлечениот асфалт од кружниот тек на сообраќајот на влезот во Велес од страната на Штип и кон рампата кон Речани, каде има  сериозни оштетувања, а која делница е обврска на државата, како и за некои оштетувања на регионалниот пат од Велес кон Градско под Крзнарската индустрија „Димко Митрев“, информира Коцевски. ад/сст/

 

Таг
Back to top button
Close
Close