Дописници МКДОпштински вести

Коцевски ги повика граѓаните да земат учество на претстојниот попис на населението

Во рамки Пописот на населението, домаќинствата и становите кој ќе се спроведе од 1 до 21 април оваа година, Општина Велес ќе биде седиште на 18. пописен реон во којшто се опфатени оптините Велес, Градско и Чашка. Со законот за Попис се определени вкупно 50 пописни реони и нивни седишта се општините заради организациски потреби.

Велес, 2 февруари 2021 (МИА) – Во рамки Пописот на населението, домаќинствата и становите кој ќе се спроведе од 1 до 21 април оваа година, Општина Велес ќе биде седиште на 18. пописен реон во којшто се опфатени оптините Велес, Градско и Чашка. Со законот за Попис се определени вкупно 50 пописни реони и нивни седишта се општините заради организациски потреби.

Градоначалникот на Велес Аце Коцевски информираше дека во пописната комисија за реонот во кој спаѓаат овие општини треба да се формира Комисија за пописен реон во кој ќе има осум членови од редовите на општинската администрација.

Коцевски кажа дека според законот, тие треба да бидат службеници со високо образование, а претседател на Комисијата ќе биде Секретарот на општината.

Градоначалникот ќе предложи четворица кандидати за членови на пописната комисија од Општина Велес, додека од општините Градско и Чашка ќе бидат назначени уште по двајца  претставници.

– Би сакал уште пред почетокот на подготовките да ги повикам граѓаните активно да учествуваат во пописот затоа што точните податоци нема да се однесуваат само на бројката на население, туку и на сите параметри неопходни за планирање и развој на економијата, земјоделството, образованието, детската и социјалната заштита, туризмот и воопшто развојот на општините државата во целина, потенцира велешкиот градоначалник Коцевски.

Тој ги повика и политичките партии да не го политизираат и злоупотребуваат пописот и да не ги одвраќаат граѓаните од учество во пописот затоа што штетите што може да ги направат ќе бидат огромни.

Коцевски посочи дека верува дека со добра организација претстојниот Попис ќе биде успешен и конечно по две децении ќе се добијат валидни податоци од терен, неопходни за идниот развој на државата.

Податоците од Пописот 2021 ќе се користат за креирање развојни политики, макроекономски планирања, научни и други истражувања и за статистички цели. Со Пописот ќе бидат опфатени лица, домаќинства на лицата и станови и други населени простории.

-За жал во нашата земја, успешен Попис не е спроведен цели 20 години, заради пропаднатиот Попис од 2011 година за што напразно беа потрошени милиони евра народни пари, без за тоа никој да одговара, потенцира Коцевски. ад/ ев/

 

 

 

Back to top button
Close
Close