0_Web_Насловна-слајдер0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошаркаСпорт

Коби Брајант загина во хеликоптерска несреќа

Според американски медиуми, се урнал приватниот хеликоптер на Брајант (41), а во леталото имало уште најмалку три други лица.

Лос Анџелес, 26 јануари 2020 (МИА) – Легендарниот поранешен кошаркар во НБА, Коби Брајант, загина денеска во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.

Според американски медиуми, се урнал приватниот хеликоптер на Брајант (41), а во леталото имало уште најмалку три други лица.

Несреќата во близина на Лос Анџелес никој не ја преживеал, нагласуваат американските медиуми.

Информацијата за несреќата во која загина Брајант ја објави и сопственикот на НБА-лигашот Далас Маверикс, Марк Кјубан.

Досега, ниту семејството на Брајант, ниту клубот, ниту полицијата не соопштија официјално.

Брајант е роден 1978 година во Филаделфија, а целата кариера играше за Лос Анџелес Лејкерс од 1996 до 2016 година, освојувајќи пет титули во НБА.

Беше двапати најкорисен играч на финалето во НБА, еднаш МВП од регуларната сезона, 18 пати учествуваше во „Ол-стар“, победи на натпревар за забивање, двапати беше најдобар стрелец на лигата.

 

Провери го и ова

Close
Back to top button
Close
Close