0_Спорт.ПорталSport.SlajderКошарка

Коби Брајант и неговата ќерка погребани на приватна церемонија

Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс Коби Брајант и неговата ќерка Џиана се погребани на приватна церемонија во Калифорнија, пренесуваат американските медиуми.

Лос Анџелес, 12 февруари 2020 (МИА) – Легендарниот кошаркар на Лос Анџелес лејкерс Коби Брајант и неговата ќерка Џиана се погребани на приватна церемонија во Калифорнија, пренесуваат американските медиуми.

Погребот се одржал минатиот петок во „Корона дел Маре“, а јавното „испраќање“ на сите девет жртви од хеликоптерската несреќа е закажана за 24 февруари во „Стејплс центар“ во Лос Анџелес. Причината за овој датум се броевите на дресовите на Коби и Џиана – 24 и 2.

-Ванеса и семејството сакаа приватност при погребувањето. Церемонијата била многу тешка за сите поради тоа што се уште им е тешко да се соочат со загубата на две прекрасни души, ја пренесе  „Entertainment Tonight“ изјавата на својот извор. зс/

Таг
Back to top button
Close
Close