Оригинални текстови

Коалицијата „Зелен хуман град“ на локалните избори ќе настапи со независна листа за Град Скопје

Граѓанската иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД на денешната прес-конференција официјално го најави излегувањето на локалните избори 2021 со независна листа предводена од советничката Драгана Велковска и екоактивистот Горјан Јовановски.

Скопје, 14 јули 2021

Граѓанската иницијатива ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД на денешната прес-конференција официјално го најави излегувањето на локалните избори 2021 со независна листа предводена од советничката Драгана Велковска и екоактивистот Горјан Јовановски.

Влегуваме во изборната трка за Советот на Град Скопје со непартиска коалиција, чие јадро го претставуваат долгогодишни активисти-волонтери посветени на сферите социјална правда, заштита на животната средина, заштита на животните и урбана мобилност. Нашата кампања е насочена исклучиво на тој Совет наместо на индивидуалните општини, бидејќи го сметаме Скопје за органска целина која мора да биде третирана холистички. Советот ги има најголемите надлежности во сферите на делување на членките на ЗХГ, и од таму почнува долгиот пат кон
сеопфатна институционална промена и враќање на значењето на поимот демократија во ова општество.

Одлуката да излеземе со своја независна листа на претстојните избори е последица од долгогодишното исклучување и изневерување на довербата на граѓаните од страна на политичарите. Кулминација на оваа пракса беше серијата одбивања на предлозите од партиципативната платформа МојГрад во сопственост на ЗХГ од страна на партизираниот Совет.

Нашата примарна цел е граѓаните да бидат активен дел од политичкиот процес, од почетокот до крајот. Затоа и изборната листа ќе ја комплетираме со јавен конкурс преку МојГрад, во отворен
процес на кандидирање кој ќе почне наскоро. Со тоа, за прв пат на овие избори ќе биде реализиран идеалот за обединување на активистите од една и обичните граѓани од друга страна.

Ваквиот иновативен пристап е продолжение на битката за локален суверенитет која секојдневно се одвива на МојГрад, преку предлозите на корисниците на платформата. Овие предлози ги конкретизираат тематските заложби на активистичките групи-членки на иницијативата: социјална правда, одржлив развој, енергетска независност, чиста животна средина, заштита на животните и урбана мобилност. Истовремено, тие се и одраз на организациските принципи на ЗХГ:
хоризонталност, инклузивност и транспарентност. Сите овие аспекти на делувањето на ЗХГ се опфатени во документот наречен “Есенцијален водич за локализирана политика”, чија програма е константно ажурирана според активноста на корисниците МојГрад и претставува своевидна “жива материја”.

Во прилог ви го доставуваме овој документ. На Скопје му е неопходно нешто ново,
свежо и зелено. На сите ни е неопходен ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД!

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД

_______________________________________________________________________________

 

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Таг
Back to top button
Close
Close