0_Македонија.ПорталОпштествоОригинални текстови

Коалиција „Менуваме“: Комбиниран модел на настава за ученици со визуелен хендикеп

Клучните активности кои исклучиво се изведуваат со стручен наставник како ориентација и мобилност во просторот, практичната настава, часовите по физичко, ликовно, техничко образование, музичко, не можат да се пренесуваат онлајн затоа што наставникот работи индивидуално еден на еден со допир.

21 август 2020
Коалицијата МЕНУВАМЕ со особено внимание, почнувајќи од април месец па се до денешен ден, ја следи состојбата  во процесот на образованието на децата со оштетен вид во услови на ковид пандемија. Во изминатите  неколку месеци ниту со  една реченица не беа спомнати слепите ученици како дел од целокупниот образовен процес од страна на релевантните фактори  кои секојднево лиферуваат соопштенија преку медиумите.  И не само учениците , туку и училиштето со целокупниот наставно – воспитен и технички персонал. Таквата состојба  сеуште трае, што може да се протолкува како неподготвеност, незнаење или страв од неуспех на МОН и Бирото за развој на образованието. Јавноста е во исчекување, родителите се во исчекување, децата се во исчекување, наставниците се во исчекување и така до бескрај. Преовладуваат две опции: Онлајн настава или нормална со физичко присуство на часовите. Неспорно е дека физичкото присуство е неопходно потребно заради спецификата на нивното образование и не е претенциозно да се каже дека потребите на децата со оштетен вид  во многу се врзани за индивидуалната настава под контрола на наставникот со примена на асистивни технологии, соодветни дидактичко тифлолошки помагала кои се користат во едукацијата и рехабилитацијата на часот.  Се користат  специјални адаптирани средства како што се : Лупи,Тв лупа со специјално осветлување, учебник со аголемени букви за слабовидните, браеви учебници заслепите ученици, браеви машини,  бел стап за обука на часот по ориентација и мобилност, потоа асистивни технологии како специфични помагала и тоа: дигитрон со големи тастери, голем екран со гласовен излез,, електронски лупи, компјутери со ТАЧ СКРИН екран, говорни софтвери и читачи на екран ЏОС, браева тастатура и браев ред, Браев штампач и тоа е мал дел од адекватните средства за работа на час. Тоа кај олајн учењето е невозможна мисија.
 Уште повеќе што учениците со особено задоволство доаѓаат на училиште каде што се наоѓаат себеси при што имаат директен пристап на разни информации, изразување на нивната способност, потреби, желби, чувства и социјална партиципација. Тоа придонесува за подобрување на нивната самостојност, успех во учењето, самопочитување, позитивните ставови и чувство на успешност на слепата личност.
          Клучните активности кои исклучиво се изведуваат со стручен наставник како ориентација и мобилност во просторот, практичната настава, часовите по физичко, ликовно, техничко образование, музичко, не можат да се пренесуваат онлајн затоа што наставникот работи индивидуално еден на еден со допир.
          Доаѓаме до клучното прашање кое што се однесува на пренесување на заразата. Одговорот е едноставен: Носење заштитна опрема, почитување на протоколите и се ќе биде во ред. Редовна дезинфекција на просториите, помагалата, самодисциплина, а неа је имаат учениците, тие се послушни, внимателни, исполнителни и свесни за проблемот.
          Но, проблемот си го наметнуваат самите  себеси од страв, од незнаење, од неинформираност надлежните фактори кои се неодлучни и топката ја префрлуваат едни на други. Неодговорно е децидно да се кажува дека ќе се случи ова или она а притоа немајќи стратегија за справување со проблемот. Образованието е еден огромен кош во кој се ставени сите заедно. Ние како коалиција предлагаме комбиниран начин на изведување на образовниот процес кај децата со визуелен хендикеп. Со оглед на тоа дека меѓу нив има и такви ученици кои заради влошената здравствена  состојба имаат потреба од постојана придружба на родител, но протоколите не дозволуваат присуство на родители, тогаш оваа мала група ќе треба да посетува онлајн настава. Останатите ќе посетуваат настава во училишните клупи.
Коалиција „Менуваме“

__________________________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки

Back to top button
Close
Close