Svet.SlajderСветСвет.Портал

Книга за Трамп: Големо незнаење на „Многу стабилен гениј“

Книгата со 417 страници „Многу стабилен генијалец“ (A Very Stable Genius) од Филип Ракер и Керол Леониг ги истакнува епизодите на насилно однесување од страна на американскиот лидер и неговото непознавање за основните работи од географија и историја.

Вашингтон, 16 јануари 2020 (МИА) – Американскиот претседател Доналд Трамп има малку познавање на историјата и географијата и тој покажа незнаење со тоа дека Индија ја дели својата граница со Кина, според новата книга за американскиот лидер напишана од двајца новинари на „Вашингтон пост“.

Книгата со 417 страници „Многу стабилен генијалец“ (A Very Stable Genius) од Филип Ракер и Керол Леониг ги истакнува епизодите на насилно однесување од страна на американскиот лидер и неговото непознавање за основните работи од географија и историја.

„Па, не е таква состојба како да ја имате Кина на вашата граница“, потсетија авторите на изјавата на Трамп за време на разговорите со индискиот премиер Нарендра Моди.

Двете држави всушност делат долга граница и водеа војна во 1962 година околу спорниот дел од границата на Хималаите.

По коментарот на Трамп за границата и грубото негирање на заканата од страна на Кина кон Индија, „Моди остана со поглед полн со изненадување“, пишува во книгата чии извадоци објави Вашингтон пост.

„Расположението на Моди постепено се смени – од шок и грижа до резигнација“, се додава како и дека советникот на Трамп им кажал на авторите дека „Индијците направиле чекор назад“ во дипломатските односи со САД.

Книгата зборува и за посетата на Трамп на споменикот „УСС Аризона“, американски воен брод потонат од јапонски авиони на 7 декември 1941 година во напад врз Перл Харбор.

„Еј, Џон, за што станува збор? Што посетуваме?“, наводно, тогаш Трамп го прашал началникот на Генералштабот Џон Кели.

Авторите пишуваат дека „Трамп ја слушнал фразата ‘Перл Харбор’ и изгледаше дека разбра дека го посетува местото на историска битка, но се чинеше дека не знае ништо повеќе од тоа“.

Книгата, меѓу другото, цитира изјава од поранешен висок советник на Белата куќа, кој кажал за американски лидер: „Тој некогаш беше опасно неинформиран“. зш/

Back to top button
Close
Close